• четврток, 07 ноември 2024

Емери: Навикнат сум да играм против моите поранешни клубови, па затоа соочувањето со Арсенал не е ништо ново

Емери: Навикнат сум да играм против моите поранешни клубови, па затоа соочувањето со Арсенал не е ништо ново
Виљареал, 16 април 2021 (МИА) - Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, по елиминацијата на Динамо Загреб во четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа, во следната фаза ќе се соочи со својот поранешен клуб Арсенал. - Како прво, навикнат сум да играм против моите поранешни клубови, па затоа играњето против Арсенал, кој сум го тренирал, нема да биде ново искуство за мене. Ова е наша шанса да се најдеме во највисокиот ешалон на европскиот фудбал. Главната работа е да уживаме во досега постигнатото и да ја прекинеме серијата елиминации во полуфиналето. Треба да почувствуваме што се случува, да зачекориме на теренот и да уживаме во моментот, рече Емери. За Виљареал, ова е петто полуфинале во евро-куповите, а Емери шесто. Во другото полуфинале од ЛЕ ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Рома. зс/

Остани поврзан