• понеделник, 23 декември 2024

ЕМА го разгледува лекот сотровимаб како терапија против Ковид-19

ЕМА го разгледува лекот сотровимаб како терапија против Ковид-19
Брисел, 7 мај 2021 (МИА) - Европската агенција за лекови, ЕМА, ја започна својата ревизија на лекот сотровимаб како можна терапија против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Станува збор за моноклонално антитело развиено како терапија против Ковид-19. ЕМА денеска започна за разгледување на овој лек, неговата ефикасност за спречување тешки форми на болеста како и неговата безбедност за пациентите. Доколку Агенцијата одлучи да го препорача сотровимабот за употреба против Ковид-19, Европската Комисија се заложи дека експресно ќе дозволи негова комерцијализација на ЕУ пазарот. тм/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан