• четврток, 09 април 2026

Ирански напади врз Кувајт и ОАЕ

Ирански напади врз Кувајт и ОАЕ

Кувајт, 8 април 2026 (МИА) – Кувајт и Обединети Арапски Емирати, само неколку часа по прогласеното примирје помеѓу САД и Иран, соопштија дека одговориле на „масовен бран“ напади со беспилотни летала насочени кон нафтени и енергетски постројки и покрај прогласеното примирје.

Армијата на Кувајт соопшти дека пресретнала и уништила 31 дрон, а нападите предизвикаа значителна штета на нафтените и енергетските постројки, како и на постројките за десалинизација на вода.

И ОАЕ соопштија дека биле цел на ирански напад, без да наведат каде точно се случил.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) потврди дека во текот на ноќта нападнала енергетски објекти во регионот поврзан со САД и Израел, вклучително и саудискиот пристаништен град Јанбу.

Иран тврди дека извршил напади врз Кувајт и ОАЕ како одговор на воздушните напади врз неговите нафтени објекти на островот Лабан, што следеа по прекинот на огнот. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан