• понеделник, 07 октомври 2024

Ел Салвадор: Директорот на полицијата загина во хеликоптерска несреќа

Ел Салвадор: Директорот на полицијата загина во хеликоптерска несреќа

Сан Салвадор, 9 септември 2024 (МИА) – Шефот на полицијата на Ел Салвадор, Маурицио Аријаза, една од главните фигури во борбата против вооружените банди, загина во хеликоптерска несреќа додека враќаше бегалец екстрадиран од Хондурас, соопшти денеска војската на Салвадор.

Несреќата се случила на 180 километри североисточно од главниот град Сан Салвадор, објавија вооружените сили на Х.

Аријаза го превезуваше Мануел Кото, кој е обвинет за проневера на околу 35 милиони долари, како поранешен директор на Задруга за штедење и заеми.

По инцидентот, салвадорскиот претседател Нагиб Букеле најави отворање истрага.

- Она што се случи не може да остане обична несреќа, тоа мора да биде предмет на темелна истрага, рече претседателот, прецизирајќи дека ќе побара меѓународна помош. јт/

Фото: Х

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан