• сабота, 21 декември 2024

ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство

ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство

Скопје, 3 ноември (МИА) - Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство, оценува Европската комисија (ЕК) во најновиот Извшетај за напредокот на земјава. ЕК забележува дека изготвувањето на новиот закон за земјоделство и рурален развој е одложено и препорачува земјава да ја усогласи својата политика за земјоделска поддршка со аки-то на ЕУ.

Како што се наведува во Извештајот, напредок нема во однос на интероперабилноста со системите за идентификација и регистрација на животни за обезбедување поквалитетни податоци.

- Сите елементи на Интегрираниот систем за администрација и контрола (IACS) се воспоставени согласно аки-то на ЕУ. Трансферите на податоци и интероперабилноста треба да се обезбедат заедно со верификацијата на точноста на податоците. Напредокот се забележува во орто-фото снимањето за да се олесни ажурирањето на Системот за идентификација на земјишни парцели (LPI). Регистарот на земјоделци и LPI допрва треба да се трансферираат во Платежната агенција, се наведува во Извештајот.

Потребни се дополнителни ресурси за проширување на Мрежата за сметководствени податоци од фарма (FADN), но и вклучување податоци за животната средина и социјалната одржливост согласно новата ЕУ мрежа за податоци за одржливост на фармата (FSDN).

-Усвоен е новиот Закон за советодавни услуги, но останува да се донесе законодавство за заедничката организација на пазарот и да се дефинираат институционалните мандати, нотира Комисијата.

Во однос на руралниот развој се акцентира дека почна ИПАРД 3 Програмата, а напредува и финализацијата на ИПРАД 2. Сепак, Комисијата препорачува да се обрне внимание на институционалниот капацитет на Платежната агенција и посебно на намалувањето на бројот на задоцнетите исплати на апликантите. 

Од аспект на политиката на квалитет, ЕК го поздравува донесувањето на Законот за вино, додека во врска со органското земјоделство укажува дека останува да се донесе нов закон.

-Треба да се подобрат активностите за подобрување на следењето и контролата на сертификацијата и следливоста на органските производи. Треба да се направат и напори за натамошно развивање на секторот, со што дополнително се користи поддршката достапна во рамките на ИПАРД 3, наведува ЕК во Извештајот. мч/лв/

фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан