• понеделник, 23 декември 2024

Еко активности за Денот на пролетта во Македонска Каменица и Берово

Еко активности за Денот на пролетта во Македонска Каменица и Берово

Македонска Каменица, 21 март 2024 (МИА) - Во општините Македонска Каменица и Берово денеска беа реализирани активности за одбележување на Денот на пролетта. За таа цел како што истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски во соработка помеѓу Општинати комуналното претпријатие реализирана е акција за засадување садници.

-Со акција „Засади дрво" денеска го одбележавме првиот ден на пролетта заедно со вработените во ЕЛС Македонска Каменица и ЈП Камена Река кај м.в Магилка. Влогот во животната средина е секојдневен. Засадувањето дрва е само еден од примерите како може да придонесеме кон поздрава, почиста и позелена околина, a пролетта нека на сите ни е радосна, а особено нека е полезна и со добри услови за земјоделците и културите кои ги одгледуваат, истакна Атанасовски.

Во Берово денот на Пролетта се одбележа со спортски активности на Градскиот стадион во Берово.

-По повод одбележувањето денот на пролетта во организација на Општина Берово заедно со основните училишта и нашето средно училиште се одржаа Пролетните трки 2024 година на градскиот стадион во Берово. Доделени се награди за прво, второ и трето место во различни категории за основно и средно образование. Честитки до победниците и до останати учесници кои ги охрабруваме и им посакуваме успех во иднина, истакнаа од Општина Берово.

Активности по повод Денот на пролетта се организираа и во останатите општини од Пијанечко-Малешевскиот регион. вс/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан