• вторник, 02 јули 2024

Екоактивисти блокираа електрана на јаглен во Германија

Екоактивисти блокираа електрана на јаглен во Германија
Берлин, 19 септември 2022 (МИА) - Околу 40 активисти блокираа електрана на јаглен во Јаншвалде, на 100 километри југоисточно од Берлин, јави германската новинска агенција ДПА. Како резултат на блокадата, престанале да работат два од вкупно четири оперативни енергетски блокови, информираше портпаролот на операторот на централата и ја опиша како „напад против безбедноста на снабдувањето со енергија“. Екоактивистите ги блокираа железничките линии и подвижните ленти во централата, соопшти портпаролот на полицијата. Демонстрантите сепак не влегоа во отворениот рудник за лигнит, од кој се снабдува термоцентралата. Името на групата што го организираше протестот е „Присилен оган“ и се спротивставува  на употребата на јаглен за производство на струја. бд/ми/

Остани поврзан