• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Едукативен мото настан во Кисела Вода

Едукативен мото настан во Кисела Вода

Скопје, 30 март 2024 (МИА) - Во организација на Бајкерс Гараж Македонија и Општина Кисела Вода пред салата Расадник денеска ќе се одржи едукативен настан под мотото “Сите возиме, но некои знаат”.

На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.  

Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства. свс/аа/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан