• четврток, 17 јули 2025

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Скопје, 19 јуни 2025 (МИА) - Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес - конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

- Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот, потенцираше Клековски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна рано наутро на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство. бд/са/

Фото: МИА архива

Видео: Влада

Остани поврзан