• вторник, 24 декември 2024

Еди Јаку, „најсреќниот човек на светот“, почина во Сиднеј на 101 година

Еди Јаку, „најсреќниот човек на светот“, почина во Сиднеј на 101 година
Сиднеј, 14 октомври 2021 (МИА) - Еди Јаку, кој го преживеал холокаустот, го мина остатокот од својот живот застапувајќи се за љубезноста, доблеста и толеранцијата, почина на 101-годишна возраст во Сиднеј. Приказната за самопрогласениот „најсреќен човек на Земјата“ останува култна, како едно од најпродаваните видеа од Австралија. Во него, тој раскажува приказни од неговиот живот како доброволец во Еврејскиот музеј во Сиднеј, што самиот го создал и, за позитивната енергија како најделотворна движечка сила во животот. „Еди Јаку беше светлина и надеж не само за нашата заедница, туку за целиот свет“ - гласи ставот на Еврејскиот совет на Нов Јужен Велс, кои ја објавија смртта на човекот. - „Тој засекогаш ќе биде запаметен по радоста што ја носеше и по постојаната издржливост кон неволјите“. Јаку е роден како Абрахам Јакубович во Лајпциг, Германија, 1920 година, во семејство кое се смета за „прво германско, второ - еврејско“. Како тинејџер, тој бил исфрлен од училиште оти бил Евреин. Ова го натерало да се прекрсти и со ново име да го заврши средното образование. На почетокот од 1938 година, неговото семејство било испратено во неколку концентрациони логори, меѓу кои и Бухенвалд, Гурс и неславниот Аушвиц, кои подоцна ги опиша како „пекол на Земјата“. Бидејќи студирал инженерство, бил поштеден од гасната комора и наместо тоа, бил третиран како работник. Неговите родители и другите членови на семејството беа убиени. Самиот Јаку бил испратен на „маршот на смртта“ при евакуацијата во Аушвиц 1945 година, но успеал да се ослободи. Со месеци се криел сам во шумата и преживувал хранејќи се со полжави. Бил спасен од американската војска. Подоцна истата година, тој се сместил во Белгија, каде што се оженил со Флор. Двајцата се преселиле во Австралија, каде Jаку работел како автомеханичар, а неговата сопруга како шивачка. Подоцна основале компанија за недвижности. Тој зад себе ја остави сопругата, два сина, четири внуци и пет правнуци.  си/сд/

Остани поврзан