• сабота, 21 декември 2024

ЕВРО 2020: Поставен нов рекорд по постигнати автоголови

ЕВРО 2020: Поставен нов рекорд по постигнати автоголови
Минхен, 19 јуни 2021 (МИА) – На Европското првенство 2020 не е завршено ниту второто коло од групната фаза, а поставен е рекорд по постигнати автоголови. Петмина играчи досега ја погодија сопствената мрежа на 16. Европско првенство, а два од нив се дела на фудбалерите на Португалија, Рубен Диас и Рафаел Гереиро на дербито со Германија кое е во тек. Покрај Португалците, на ЕВРО 2020 автогол си дадоа уште и: Матс Хумелс од Германија на мечот со Франција (0:1), голманот на полската репрезентација Војчех Шчесни на средбата со Словачка (1:2) и дефанзивецот на турската репрезентација Мерих Демирал во мечот со Италија (0:3). Досегашниот рекорд изнесуваше три автогола поставен на ЕВРО 2016. зс/

Остани поврзан