• сабота, 05 октомври 2024

Европските министри за внатрешни работи во Унгарија ќе разговараат за миграцијата

Европските министри за внатрешни работи во Унгарија ќе разговараат за миграцијата

Будимпешта, 27 ноември 2023 (МИА) - Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер денеска ги пречекува своите колеги од Германија, Унгарија, Австрија, Чешката Република, Словачка и Полска за да разговараат за напорите за борба против операциите за криумчарење луѓе и нерегуларната миграција, јави ДПА.

Многу од владите привремено воспоставија статични и мобилни контролни пунктови долж нивните граници за да ги спречат шверцерите на луѓе да носат мигранти во Централна и Западна Европа преку рутите низ Балканот.

Оние граници во Шенген зоната обично немаат проверки на пасоши или на документи, наведува германската агенција.

Разговорите денеска треба да се одржат во јужниот унгарски град Сегед, во близина на граничната ограда што Унгарија ја подигна долж границата со Србија во 2015 година. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан