• понеделник, 23 декември 2024

Европските либерали на крстопат меѓу традицијата и зелената транзиција

Европските либерали на крстопат меѓу традицијата и зелената транзиција

Брисел, 12 ноември 2023 (МИА) - Четири години по нејзиното формирање, европската либерална групација во Европскиот Парламент, Да ја обновиме Европа (РЕ), предводена од партијата Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон, и натаму не успева да постигне единствена политичка платформа за клучните прашања поврзани со ЕУ. 

Наспроти мнозинството во групата која ги поддржува зелените политики на ЕУ, во нејзините рамки постои т.н. пробизнис крило предводено од германската Слободна демократската партија (ФДП), холандската Народна партија за слобода и демократија (ВВД) и Данската либерална партија - Левица (Венстре), кои постојано се противат на регулативите поврзани со еколошките ограничувања за бизнис секторот.  

Така, петмината европратеници на ФДП, гласаа против клучните еколошки закони, како директивите за постепеното укинување на автомобилите со мотори со внатрешно согорување, за енергетска ефикасност на градежните објекти, како и за барањето спроведување на стандардите за одржливост низ нивните синџири на снабдување од страна на бизнисите. 

Според раководителот на европската истражувачка платформа „ЕУ Матрикс“, Давиде Ферари, ФДП дефинитивно дејствува спротивно од насоките на РЕ за некои значајни теми.

- Бунтовниците одбија да гласаат како мнозинство од групата во повеќе од еден од десет случаи, што е релативно ниска вредност усогласеност при гласањето, изјави Ферари за бриселскиот портал „Еурактив“. 

Тој посочува дека пет од деветте партии со најниско ниво на усогласеност во гласањето со ставот на групацијата на која и припаѓаат меѓу трите најголеми групи во Европскиот парламент, доаѓаат од редовите на РЕ. 

Поранешен либерален европратеник, кој побарал анонимност, за порталот вели дека во рамките на групата Алијанса на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) во ЕП постоел идеолошки раскол меѓу „пријателите на бизнисот“ и оние кои се ориентирани кон животната средина. 

- Ми се чинеше дека ФДП е иритирана кога луѓето покренаа прашања за животната средина. Тие одат само бизнис, бизнис, бизнис, изјави тој, додавајќи дека сепак во претходните мандати АЛДЕ успевала да постигне компромиси. 

Но, работите се променија кога по европските избори во 2019 година кон АЛДЕ се приклучи центристичката партија Ренесанса на Макрон, која во тоа време се нарекуваше Републиката во движење (РЕМ), кој стана најголема партија во групата со околу една четвртина од вкупниот број европратеници, по што групацијата и се преименува во Да ја обновиме Европа (РЕ). 

Поранешниот европратеник посочува дека приклучувањето на една попрогресивна партија во либералното јадро ја „намали способноста на групата да најде најмал заеднички именител“. 

- Французите веројатно не беа како навикнати консензуална парламентарна демократија, додава тој. 

Со неговиот став за пристапот на европратениците од Ренесанса/РЕМ се согласува и членката на Европскиот парламент, Улрике Милер од редовите на германската Слободни гласачи (ФВ), партија членка на РЕ, која вели дека Французите „размислуваат поинаку“ и не водат сметка за принципот на супсидијарност, односно за носење на одлуки на пониски нивоа. 

- Кај нив доаѓаат наредби од врвот и работите функционираат, вели Милер, додавајќи дека двајцата европратеници на ФВ често ја поддржувале „германската линија“ на ФДП на спротивставување на „француската доминација“. 

Значајни поделби во РЕ настанаа во јули годинава кога германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг, кој доаѓа од редовите на ФДП, во последен момент се повлече од договорот за забрана на автомобилите со мотори со внатрешно согорување од 2035 година. 

На ова бурно реагираше европратеничката Ема Визнер од шведската Партија на центарот, која упати критики на сметка на колегите и германските министри од ФДП. 

- Ви зборувам како млада Европејка и либералка: Ве молам престанете да ги блокирате клучните делови од нашиот климатски пакет, изјави Визнер обраќајќи се на германски јазик. 

Претходно отворена конфронтација во рамките на РЕ имаше околу фискалната политика на ЕУ, која беше надмината во мај со утврдување на компромисни предлог-решенија базирани на нецелосно јасни принципи.  

Некои членови на РЕ, пред се оние од Франција, ФДП ја сметаат како „типична десна партија“, додека германските либерали за некои француски европратеници оценуваат дека се „премногу зелени“. 

Според извори во Ренесанса во РЕ се здружени партии со „многу различни либерални традиции“, при што посебно отскокнуваат Германците, но групата сепак функционира како резултат на „долгата традиција на почитување на различните мислења“. сп/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан