• вторник, 02 јули 2024

Европа е регион со највисока стапка на раст на кибер напади во светот

Европа е регион со највисока стапка на раст на кибер напади во светот
Тел Авив, 13 јануари 2022 (МИА) - Најголем пораст на ширењето на кибер напади во светот во 2021 година е регистриран во Европа (68 отсто) и Северна Америка (61отсто), се вели во извештајот на израелскиот провајдер за кибер безбедност Check Point. Кибер нападите во најраспространетиот регион, Африка, се зголемија за само 13 отсто на годишно ниво, и покрај речиси 1.600 напади неделно - речиси три пати повеќе од американскиот/европскиот просек.

Азиско-пацифичкиот регион претрпе приближно 1.350 напади неделно со зголемување од 25 отсто на годишно ниво, а Јужна Америка - речиси 1.120 напади неделно со зголемување од 38 отсто.

Различни земји и индустрии страдаат од кибер напади со различни стапки, при што Check Point ги прегледал податоците од 16 индустрии и речиси 100 земји. Најсилно засегнато е образованието/истражувачката дејност, потоа владите/војската, комуникациските компании и интернет провајдерите - во сите нив кијбер нападите се зголемени за најмалку 47 отсто. Индустрискиот сектор со најголем скок во напади е оној на продавачите на софтвер, каде што кибер нападите се зголемија за 146 проценти. Check Poin е мултинационален снабдувач на ИТ безбедносни производи. Компанијата има приближно 5.400 вработени низ целиот свет. паг/

Остани поврзан