• петок, 22 ноември 2024

Евроизбори: Европарламентот „ќе сврти“ в десно, но проевропските центристички сили ќе го задржат мнозинството 

Евроизбори: Европарламентот „ќе сврти“ в десно, но проевропските центристички сили ќе го задржат мнозинството 

Брисел, 8 јуни 2024 (МИА) – Актуелното мнозинство околу центарот што го сочинуваат демохристијаните, социјалдемократите и либералите ќе освои повеќе од половина на местата во новиот состав на Европскиот парламент, но партиите на десницата и екстремната десница ќе забележат значително зголемување на бројот на нивните мандати, што може да резултира со нарушување на балансот на силите во корист на десноцентристичката Европската народна партија (ЕПП). 

Ова се прогнозите на аналитичарите за очекувањата од Европските избори, што започнаа во четвртокот во Холандија, продолжија вчера со гласање во Ирска и првиот изборен ден во Чешка, по што денеска се одржува вториот изборен ден во Чешка, како и во Италија, Летонија, Малта, Словачка и во француските прекуморски департмани и територии. Италијанците ќе гласаат и утре, кога евроизборите ќе се одржат и во останатите 20 членки на ЕУ, вклучително и во европскиот дел на Франција.  

Прогнозите се дека Европска народна партија (ЕПП), која обединува демохристијански и умерени конзервативни партии, ќе освои меѓу 172 и 186 мандати, пред блокот на лево центристички и прогресивни партии, Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД), која може да се надева на од 136 до 140 места во Европскиот парламент. Овие две групации заедно со блокот на либерални и центристички партии „Да ја обновиме Европа“, кој се предвидува да освои меѓу 81 и 86 европратеници, заедно би имале 40-тина мандати повеќе од потребните 361 пратеник за мнозинство во Европскиот парламент.  

И покрај најавите на ЕПП за можна соработка со дел од партиите од групацијата Европски конзервативци и реформисти (ЕРЦ), пред се со партијата Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, сепак водечките луѓе на трите блока потенцираат дека сакаат и ќе се обидат да ја одржат досегашната коалиција меѓу нив. Тоа би значело дека тие ќе ја задржат контролата врз креирањето на политики во Европскиот парламент и ќе ги носат клучните одлуки.  

Во тоа, за поголем дел од прашањата поврзани со социјалната и зелената транзиција, би можеле, како и досега, да очекуваат поддршка од блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА), што обединува регионални и малцински партии, кој би требало да освои меѓу 46 и 58 европратеници. 

Ваквите предвидувања значат дека две од трите партии на актуелното мнозинство – ЕПП и СД во суштина приближно би ги задржале досегашниот број на пратеници (демохристијаните имаа 176, а социјалдемократите 139 места), но за разлика од нив се очекува „Да ја обновиме Европа“ да има 20-тина мандати помалку од досегашните 102, што би било најлош резултат на групата од нејзиното формирање во 2019 година. 

Намалувањето на бројот на либерални европратеници се должи маргинализацијата на шпанската либерална партија Граѓаните (Ц), која досега имаше осум мандати, a на овие избори не и се прогнозира ниту еден, како и падот на популарноста на најголемата партија во групата, центристичката Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон, чија коалиција од досегашните 23 се очекува да падне на 15-тина европратеници. Послаби резултати во однос на претходните избори во 2019 година им се предвидуваат и на повеќето од останатите партии на „Да ја обновиме Европа“. 

Значителен пад од сегашните 72 места и се предвидува и на групата Зелени/ЕФА, која со очекуваните 50-тина мандати ќе ја загуби досегашната релевантност. Иако се предвидува групата на Зелените да се прошири со пет нови европратеници од Летонија, Словенија, Хрватска и Шпанија, сепак падот на популарноста на еколошките партии во Западна и Северна Европа, пред се во двете најголеми земји членки на ЕУ – Германија и Франција, ќе резултира со намалување на бројот на мандати за речиси една третина. Ова доаѓа по големиот успех на Зелените на претходните избори, кога како резултат на т.н. зелен изборен бран станаа четврта политичка групација во Европскиот парламент.  

Европскиот парламент од денеска започнува кампања за поттикнување на граѓаните на ЕУ да учествуваат на Евроизборите закажани за од 6 до 9 јуни годинава, чија примарна цел е да се зголеми одѕи

Најголем број од овие мандат на либералите и зелените би се „прелеале“ на контото на двете десничарски групации - Европски конзервативци и реформисти (ЕРЦ) и Идентитет и демократија, со што рамнотежата во Европарламентот би се префрлила в десно. 

Според анкетите, ЕЦР, која обединува национал-конзервативни, националистички, десно популистички и евроскептични партии, се очекува да освои од 79 до 82 мандати или најмалку десет повеќе од досегашните 69. Во рамките на самата група се очекува приматот на најголема партија од полската Право и правда (ПиС), да го преземе ФДИ на Мелони. 

Групата на националистички, десно популистички, екстремно десничарски и евроскептични партии Идентитет и демократија (ИД), која е предводена од францускиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен и Лигата на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, се предвидува да освои меѓу 66 и 78 европратеници, односно десетина повеќе од досега, иако минатиот месец од своите редови ја исклучи Алтернативата за Германија (АФД), која се очекува да добие 14 до 16 мандати. 

Се најавува можноста за „здружување“ на ЕЦР и ИД во „десничарска супергрупа“ што би имала околу 150 мандати и би била побројна од социјалдемократите, но, според аналитичарите, таквата опција е малку веројатна поради разликите за одредени прашања меѓу самите десничарски партии, надополнети со антагонизмот и меѓусебните расправии и несогласувања. 

Сепак, експертите оценуваат дека зголемениот број на пратеници од редовите на десничарските партии ќе и овозможат на ЕПП да врши поголем притисок врз социјалдемократите и либералите за отстапки во изготвувањето на законите и носењето одлуки. Дополнително, ЕПП би била во позиција со поддршка на десницата да блокира закони иницирани од левицата или центарот, како на пример Законот за обнова на природата.  

Европратениците денеска ги одобрија плановите за зголемување на производството на муниција и ракети во ЕУ и побрзо снабдување на Украина со муниција, објави Европскиот парламент

На ова се надоврзуваат и повиците на Мелони, но и на Ле Пен, унгарскиот премиер Виктор Орбан и на еден од лидерите на полската ПиС, Матеуш Моравјецки за „обединување на десницата“ и формирање на нов мнозинство во Европскиот парламент „десно од центарот“. Сепак, малку е веројатно дека ЕПП ќе се реши на раскинување на досегашната проевропска коалиција на центарот и за формирање ново мнозинство со партиите од десницата и екстремната десница, кои се противат на зајакната интеграција на ЕУ и на Европскиот зелен договор. Против, рекомпонирање на мнозинството се и повеќето партии членки на ЕПП, кои се залагаат за задржување на досегашната соработка со СД и „Да ја обновиме Европа“. 

Најмалубројна политичка група и во новиот состав на Европарламентот ќе остане Левицата, во која членуваат социјалистички, комунистички, лево популистички и еко-социјалистички партии, и кој може да очекува меѓу 37 и 44 мандати. Досега Левицата имаше 37 европратеници, но и да освои некои мандат повеќе има ограничен простор за маневрирање при формирање пошироки коалиции. Дополнително, дел од членките на групата може да одвлече новоформираната германска партија Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ), која се залага за левичарски социјални политики, но има конзервативни ставови за одредени општествени прашања. 

Инаку, пратеничка група во Европскиот парламент може да формираат најмалку 23 пратеници, кои при тоа мора да доаѓаат од најмалку една четвртина од земјите членки на ЕУ или во сегашниот случај од најмалку седум. 

Врз основа на анкетите на јавното мислење, гледано по национални партии најголема пратеничка група би требало да има францускиот Национален собир (РН) со 31 мандат, пред германскиот блок на Христијанско демократската унија и Христијанско социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ) со 28 и шпанската Народна партија (ПП) со 23 пратеници. По нив со по 20 европратеници би биле групата на Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) и на полскиот блок на Граѓанската платформа и Полската народна партија (ПО/ПСЛ). РН е членка на ИД, ЦДУ/ЦСУ, ПП и ПО/ПСЛ на ЕПП, а ПСОЕ на СД. 

Изборите започнуваат денеска со гласање во Холандија, утре во Ирска, утре и задутре ќе гласаат граѓаните на Чешка, в сабота евроизборите ќе се одржат во Летонија, Малта, Словачка и во францус

Побројните национални пратенички групи нудат широк спектар на бенефиции, како што се повеќе пари доделени од буџетот на Европарламентот, поголема преговарачка моќ, повеќе шанси за добивање на водечки позиции, како што се претседатели на парламентарните комитети, како и поголема тежина во обликувањето на целокупната парламентарна агенда. 

Во рамките на ЕПП, ЦДУ/ЦСУ и натаму ќе биде најбројна национална пратеничка група, но во новиот состав на Европарламентот се очекува зголемено влијанија на шпанските и полските европратеници во партијата. 

Во групата на СД, најбројна национална пратеничка група ќе биде онаа на шпанската ПСОЕ со 20 мандати, пред групите на италијанската Демократска партија (ПД) со 17 и на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 14 места. Со ова шпанските социјалдемократи ќе ја задржат доминацијата во СД, што ја презедоа од германските колеги по изборите во 2019 година. 

Кога станува збор за групите на десничарските партии, се очекува во нив да доминираат пратениците од Франција и Италија.  

Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот.

Во ИД се очекува францускиот РН да го преземе приматот како најголема пратеничка група од италијанската Лига, која „се бори“ за титулата „втора по бројност сила“ со холандската Партија на слободата (ПВВ). Според излезните анкети на завчерашните Евроизбори во Холандија, ПВВ освои седум мандати, а истражувањата во Италија на Лигата и предвидуваат, исто така, да добие седум пратенички места.  

ФДИ на италијанската премиерка Мелони би требало да стане најголема партија во ЕЦР, потиснувајќи ја на второ место досегашната најбројна национална група на полската ПиС. На ФДИ и се предвидуваат 22 места, а на ПиС -18. 

Во рамките на „Да ја обновиме Европа“ се очекува либералната коалиција „Потреба за Европа“ (БДЕ), предводена од Ренесансата (РЕ) на францускиот претседател Макрон, да остане најбројна национална партиска група, но нејзиното влијание меѓу либералите ќе биде намалено поради очекуваната загуба на една третина од мандатите. Дополнително, француската позиција ја ослабе и зголемениот антагонизам меѓу лидерката на БДЕ, Валери Ајер и дел од партиите членки на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), по инсистирањето на Французинката за исклучување на холандската Народна партија за слобода и демократија (ВДД) од групата поради нејзиното коалицирање со екстремната десница. На изборите во Холандија во четвртокот ВДД освои четири мандати. сп/

Фото: МИА Архива  

Остани поврзан