• петок, 22 ноември 2024

Евроамбасадорот Гир и полскиот амбасадор Грзелчик во посета на Македонски Брод

Евроамбасадорот Гир и полскиот амбасадор Грзелчик во посета на Македонски Брод

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и  Кжистоф Грзелчик, амбасадор на Полска, денеска ќе ја посетат општина Македонски Брод.

За време на престојот во Македонски Брод, амбасадорите Гир и Грзелчик ќе се сретнат со градоначалникот на Македонски Брод Жарко Ристески, членовите на Советот на општината и претставници на граѓанските организации.

Тие ќе учествуваат и на дебата со граѓаните „Прашајте ги амбасадорите“ со цел да се разговара за прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија. Тоа ќе биде можност за граѓаните на Македонски Брод да зборуваат за нивното искуство поврзано со ЕУ во сесијата „Сподели ја својата приказна за ЕУ“.

Настанот е дел од серијата општински посети чија цел е да се презентира вистинската додадена вредност на Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија и за тоа што носи процесот на пристапување во ЕУ на локално ниво (региони, градови и села). сст/аа/

фото Делегација на ЕУ

Остани поврзан