• петок, 22 ноември 2024

ЕВН: Санирани повеќето дефекти, екипите и денеска на терен

ЕВН: Санирани повеќето дефекти, екипите и денеска на терен

Куманово, 17 декември 2023 (МИА) - Екипите на електродистрибуција санираа најголем процент од дефектите во снабдувањето со електрична енергија, во повеќе области во земјава претежно од рурален карактер, предизвикани од снежните врнежи, соопштија денеска од ЕВН. 

- Поради обилните снежни врнежи, вчера настанаа прекини во снабдувањето со електрична енергија, претежно во руралните средини на Гостивар, Тетово, Кичево, Кавадарци, Делчево, Куманово итн. каде што висината на снегот достигна до пола метар. Како последица на тоа, без електрична енергија вчера останаа околу 6.000 корисници, велат од ЕВН.

Повеќето дефекти веќе се санирани. Екипите на електродистрибуција сè уште се активни на терен и работат на изнаоѓање на решенија за да стигнат до непристапните, проблематични места поради лошите теренски и временски услови, со цел сите дефекти да бидат санирани и снабдувањето да се нормализира за сите корисници од руралните средини. ам/вг/


Фото: ЕВН

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан