• четврток, 13 јуни 2024

Дурант: Заслужив Голден Стејт да го повлече мојот дрес

Дурант: Заслужив Голден Стејт да го повлече мојот дрес

Феникс, 26 октомври 2023 (МИА) – Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант, е убеден дека неговиот поранешен тим, Голден Стејт вориорс, треба да го повлече дресот со неговиот број.

- Тие мора да го направат тоа. Погледнете ја мојата листа на достигнувања со Вориорс. Се чини дека ова ја оправдува оваа одлука. Дали би сакал клубот да го цени мојот придонес? Да, секако, би сакал. Имав прекрасни моменти. Изградив односи со луѓето на ова место. Така што, дефинитивно тоа би било одлично. Го сакам овој клуб. Го ценам времето што го поминав овде. Фактот дека го напуштив Голден Стејт не треба никого да доведе во заблуда, изјави Дурант.

Кога настапуваше за Голден Стејт, Дурант двапати стана шампион во НБА и двапати беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалната серија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан