• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата

Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата

Барселона, 5 април 2025 (МИА) - На едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната во Евролигата, познати се десетте екипи кои ќе играат во плејофот и плејинот.

Олимпијакос, Фенербахче и Панатинаикос обезбедија пласман во плејофот. Тие ќе ја имаат предноста „домашен терен“.

Во последното коло ќе се знаат уште три клуба кои ќе се пласираат во плејофот, како и четворица учесници во плејин. На овие места ќе играат Монако, Анадолу Ефес, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Барселона, Црвена ѕвезда и Париз.

Без пласман во следната фаза на елитното кошаркарско натпреварување останаа: Армани Милано, Партизан, Жалгирис, Басконија, Лион-Вилербан, Макаби, Виртус Болоња и Алба Берлин. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан