• петок, 22 ноември 2024

ДУИ: Целосно да се расчистат сомнежите во Клиниката за онкологија

ДУИ: Целосно да се расчистат сомнежите во Клиниката за онкологија

Скопје, 4 септември 2023

Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи случувањата околу сомнежите за злоупотреби на Клиниката за онкологија.

Демократската унија за интеграција бара надлежните институции, особено обвинителството итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба над животот и здравјето на пациентите.

ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги и во другите клиники и институции.

Овие тврдења вклучуваат луѓе инволвирани низ годините и меѓу администрацијата, затоа политичките партии треба да се држат настрана од истрагите и да не ги компромитираат, туку да ги поддржуваат без резерва.

Демократската унија за интеграција бара одговорните лица да излезат пред лицето на правдата и да не се злоупотребува за политички цели во време кога државата се наоѓа пред уште еден важен предизвик.

ДУИ, истотака, апелира да не се линчува целиот медицински персонал кој секојдневно е на должност и спасува животи.

Фото: МИА Архива

Демократска унија за интеграција

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан