Државните институции минатиот месец заштедиле 18 отсто струја
- Според податоците за потрошувачка во септември 2022 споредено со истиот месец лани државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, објави вечерва министерот
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Според податоците за потрошувачка во септември 2022, споредено со истиот месец лани, државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, објави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук.
Бектеши наведува дека мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции, ги даваат резултатите. мд/аа/