• понеделник, 23 јуни 2025

Државниот секретар во МВР Петрушевски на состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт, избран македонскиот кандидат Пешевски за директор за правни и внатрешни работи

Државниот секретар во МВР Петрушевски на состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт, избран македонскиот кандидат Пешевски за директор за правни и внатрешни работи

Скопје, 16 мај 2025 (МИА) - Државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски, како постојан член од нашата земја, денеска учествувал на состанок на Советот на СЕЛЕК (Центар за спроведување на законот на Југоисточна Европа),што се одржува во Букурешт, Романија.

На состанокот, на кој Петрушевски на предводел македонската делегација, присуствувале делегати од земјите членки, претставници на оперативните партнери и набљудувачи на СЕЛЕК.

- За време на состанокот дискутиравме и одлучувавме за клучни прашања поврзани со работата на СЕЛЕК. Беа разгледани и едногласно одобрени Годишниот и Ревизискиот извештај за 2024 година, како и Годишниот акциски и работен план за 2026 година. Исто така, беа усвоени заклучоците од групата за финансиски консултации, предлог-буџетот за 2026 година и петгодишниот финансиски план за периодот 2025-2029, напиша на Петрушевски на неговиот фејсбук профил.

Во попладневниот дел од состанокот, биле претставени процедурите за избор на нови директори на СЕЛЕК.

- Особено сум горд што со тајно гласање беше избран македонскиот кандидат Јован Пешевски за директор за правни и внатрешни работи на СЕЛЕК. Им се заблагодарив на делегатите за безрезервната поддршка за нашиот кандидат и ја потврдив заложбата на нашето Министерство за внатрешни работи за активно учество во натамошната работа и развој на СЕЛЕК, објави државниот секретар во МВР, Петрушевски.

На маргините на состанокот, тој остварил билатерална средба со генералниот директор на СЕЛЕК, Огуз Серкант Акин, на која уште еднаш ја потврдиле нашата отвореност и посветеност на партнерската соработка во борбата против организираниот криминал. цр/са

Фото: Фејсбук на државниот серкетар во МВР, Сашо Петрушевски

Остани поврзан