• недела, 22 декември 2024

Драги: Главна задача на италијанската влада е борба против пандемијата

Драги: Главна задача на италијанската влада е борба против пандемијата
Рим, 17 февруари 2021 (МИА) - Новиот италијански премиер Марио Драги како приоритет на Владата ја наведе борбата против пандемијата со Ковид-19.
- Главна задача на сите нас, мене на прво место како претседател на Владата, е со сите средства да се бориме против пандемијата и да ги спасиме животите на нашите сограѓани, истакна Драги во Парламентот.
Тој денеска ја претставува програмата на својата влада, по што ќе следи гласање за истата.
Драги во саботата положи заклетва откако обезбеди големо парламентарно мнозинство и го претстави составот на новата влада.
Во Италија од последици од Ковид-19 починаа речиси 100.000 луѓе. ми/

Остани поврзан