• сабота, 24 август 2024

Драгиќ нов кошаркар на Чикаго

Драгиќ нов кошаркар на Чикаго
Чикаго, 3 август 2022 (МИА) – НБА лигашот Чикаго објави денеска дека словенечкиот кошаркарски репрезентативец Горан Драгиќ е нивен нов член. Драгиќ го најави трансферот кон средината на мај, а сега е објавено дека Словенецот ќе потпише едногодишен договор со Чикаго во вредност од 2.9 милиони долари. Словенечкиот 36-годишен репрезентативец се сели во Чикаго од редовите на Бруклин, а претходно во НБА лигата настапуваше за Феникс, Хјустон, Мајами и Торонто. Чикаго на својот Твитер објави дека Драгиќ ќе го носи дресот со бројот седум, во кој своевремено настапуваше Хрватот Тони Кукоч. ег/паг/

Остани поврзан