• понеделник, 23 декември 2024

До 9 часот во Дебар излезноста е 1,1 односно 1,5 отсто, во Центар Жупа 1,60 односно 1,61 отсто 

До 9 часот во Дебар излезноста е 1,1 односно 1,5 отсто, во Центар Жупа 1,60 односно 1,61 отсто 

Дебар, 8 мај 2024 (МИА) - Непречено се одвива изборниот процес од парламентарните и вториот круг од претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа.

Според Јованка Јосифовска, потпретседателка на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас за претседателските избори го искористиле 216 гласачи или 1,1 отсто од вкупно 19.269 запишани во единствениот избрачки список. Во првиот круг гласале 283 лица или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.

Што се однесува до парламентарните избори гласале 299 лица или 1,5 отсто од 19.311 лица со право на глас.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот на претседателските избори гласале 118 лица или 1,60 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 119 или 1,61 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Во првиот круг од претседателските избори гласале 80 лица или 1,9 отсто.

И во двете општини, уште од почетокот на изборниот ден, избирачките места се посетени од претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР. вт/цр

 

Фото: МИА

Остани поврзан