• среда, 13 ноември 2024

Дојранското основно училиште ќе добие нова термо фасада

Дојранското основно училиште ќе добие нова термо фасада
Гевгелија, 5 март 2021(МИА) - По повод Светскиот ден на енергетската ефикасност денеска градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов беше во посета на основното училиште „Кочо Рацин“ каде на средба со раководството на училиштето е договорено тоа да добие нова термо фасада. - Примената на енергетската ефикасност за нас има огромно значење од економски и еколошки аспект и токму денешниот ден беше убав повод да договориме наскоро да почне реализацијата на термо фасадата на ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран, рече Ангов. Посочи дека општината ќе продолжи со имплементација на енергетски ефикасни решенија бидејќи покрај економските придобивки не смеат да се заборават и позитивните ефекти кон животната средина. Средствата за оваа намена, во износ од 54.000 евра, Општината ги обезбеди од еден проект со Република Грција што се реализира во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка. им/бак/

Остани поврзан