• четврток, 26 декември 2024
МИА Најави МКД

13 ноември 2024 

Тирана - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, со Собраниска делегација, ќе оствари официјална посета на Албанија, на покана на Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Република Албанија.

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 19-та седница. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/10:00)

Скопје - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе ги одржи 10-та и 9-та седница. (Сала 6/10:00 /11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 5 /10:00)

Скопје - Зајакнување на транспарентното работење на Собранието преку доследна примена на етичките стандарди. (Сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/10:30)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 5/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/12:30)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. (Музеј на македонската борба за самостојност/11:00)

Скопје - По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација, во состав Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова ќе положи венци свежо цвеќе.

- Градски гробишта „Бутел“, на Партизанските гробишта (11:00)

- Алејата на великаните, Градски гробишта „Бутел“, на гробот на генералот Михајло Апостолски (11:30)

- Пред Владата на Република Северна Македонија, Споменик на ослободителите на Скопје (12:30)

 Скопје - Градот Скопје организира свечена програма по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје 13-ти Ноември.

- Партизански гробишта во Бутел (11:00)

- Алеја на заслужните граѓани на гробот на генерал Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел (11:30)

- Споменик на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија (12:30)

- Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда во Македонска филхармонија (19:00)

Скопје - Потпишување на Договор за соработка помеѓу Стопанската комора на Северна Македонија и Транспаренси Интернешнл-Македонија. Ќе се обратат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Транспаренси Интернешнл - Македонија, Благоја Пандовски. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4/5 кат/11:00)

Скопје -  5-та меѓународна научна конференција на катедрите за економска теорија и општа економија (MIKET 2024) под наслов „Lessons from contemporary economic crises for economic theory and policy“. (Економски факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“)

Скопје - Денови на корејска култура (Филолошки факултет „Блаже Конески“/13:00) 

Скопје - Прес-конференција на генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Фатон Ахмети. (Простории на Демократска унија за интеграција во Чаир/12:00)

Скопје - Работилница „USFS-RFMC PrescribedFire Workshop“ во организација на Регионалниот центар за следење на шумски пожари (RFMC) и Службата за шумарство на САД (USFS). (х.„Александар Палас“, конференциска сала 2/9:30)

Велес/Штип - Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител ќе го спроведе вториот есенски информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“. (Јуроп Хаус во Велес/10:00, НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип/13:00)

Скопје - Прва средба на Здружението на продукт професионалци „ПРОДАКТ“. (Base42, ул.„Римска“ бр. 25/18:00)

Скопје - Настан TOP 100™ во организација на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија. (х.„Хилтон“/19:00, изјава за медиумите) 

Скопје - Свечено доделување на плакетата „Почесен Граѓанин на Општина Чаир” за генералот Весли Кларк. (Албански театар/12:00)

Скопје - Манифестација „Го градам мојот град“  по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во организација на ЈУ. Детскиот културен центар „Карпош“. (Простории на ЈУ Детски културен центар „Карпош“/10:00)

Скопје - Одбележување на осумдесетгодишнината од ослободувањето на Скопје на Културно-информативниот центар со „Поетот и градот“ на академик Влада Урошевиќ. (КИЦ, салон Империјал 2/12:00)

Битола - Изложба „Париски рефлексии“. (Офицерски дом/18:00)

Скопје - Културно едукативниот центар Лабораториум ќе одржи низа активности по повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Скопје. (Лабораториум/19:00)

Скопје - „Тоа сме ние“ книжевно читање во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. (МКЦ/20:00)

Скопје - Отворање на „Годишната изложба“ на ДЛУМ. (Национална Галерија, објект Мала станица/20:00)

 

___________________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан