• сабота, 01 јуни 2024

Дончиќ и Дерозан прогласени за играчи на неделата во НБА

Дончиќ и Дерозан прогласени за играчи на неделата во НБА

Далас, 12 март 2024 (МИА) – Првата ѕвезда на Далас меверикс, Лука Дончиќ е прогласен за најдобар кошаркар на неделата во Западната конференција на НБА, објави прес-службата на лигата.

Минатата недела словенечкиот кошаркар учествуваше на три натпревари со просечни 37,7 поени, 10,3 скока и 10,7 асистенции по натпревар. 

Далас на овие средби забележа две победи и претрпе еден пораз.

Најдобар играч на неделата во Источната конференција е кошаркарот на Чикаго булс, Демар Дерозан. Американецот одигра четири меча, со просек од 29,8 поени, како и 5,5 скока и 6,3 асистенции по натпревар. 

„Биковите“ на овие четири натпревари имаат биланс три победи и еден пораз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан