• понеделник, 01 јули 2024

Доделени првите решенија за субвенции на инвертер клими или соларни панели во општина Илинден

Доделени првите решенија за субвенции на инвертер клими или соларни панели во општина Илинден

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски денеска ги додели првите решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.

Како што информира општина Илинден, градоначалникот Георгиевски истакна дека целта е да се стимулираат граѓаните и домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

- Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година. Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50 отсто од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, односно до максимум 10.000 денари по производ. Грижата и поддршката за граѓаните е секогаш приоритет на Општина Илинден, така што ќе продолжи и во наредниот период со доделување на субвенции, се наведува во соопштението од општина Илинден. мд/са/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан