• сабота, 21 декември 2024

Добротворни активности на компанијата „Слајс“ во дебарската деветолетка „Пенестија“

Добротворни активности на компанијата „Слајс“ во дебарската деветолетка „Пенестија“

Дебар, 19 ноември 2024 (МИА) - Компанијата „Слајс“ продолжува со своите добротворни активности за установи, но и поединци, кои имаат потреба од тоа, а последователна активиност беше реализирана во дебарската деветолетка „Пенестија“, каде настава на македонски и албански јазик следат над 1.300 ученици.

-Вработени на комапнијата и наши ученици заедно реализираа целосно чистење на големиот училишен двор, каде имаме и спортски полигони а засадија и 50 садници борчиња. Целта е да се подигне свеста за одржување на чиста животна средина, љубовта ко засадувањето и заштитата на дрвјата, изјави за МИА, Ајет Мулареџа, директор на училиштето.

Исто така со донација на компанијата забрзано се работи на реновирање на две простории кои ќе бидат прилагодени за одржување на часовите по физичко воспитание, како и други спортски активности за учениците од одделенска настава. Истата компанија ќе ги обезбеди и сите потребни реквизити.

-Недамна компанијата за училиштето донираше 30 компјутери а веќе најавува поддршка и на други активности, кои се во нтерес на нашите ученици. Од мое и од име на учениците искажувам голема благодарсност до компанијата и нејзиниот претставник за Македонија, Бутринт Сеља, посочи Мулареџа.

Стартап компанијата „Слајс“ чие седиште е во САД, сопственост на дебарскиот иселеник Илир Сеља, преку наменски дизајнирана платформа на американските граѓани им нуди можност да пронајдат локална пицерија и да направат онлајн нарачка, со што им помага на помалите пицерии да го зголемат бизнисот и бројот на клиенти, преку канцелариите во Дебар, Охрид и Скопје, каде се вработени над 500 млади лица.

-Ќе продолжиме и понатаму да помагаме онаму каде што е најнеопходно што е дел од нашата определба за хуманост, или како што, секогаш ја кажувам познатата дебарска изрека „онаа рака што дарува никогаш не се суши“, рече за МИА, Бутринт Сеља.

Освен во Дебар, компанијата во неколку наврати реализирала добротворни активности и во Охрид. вт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан