• недела, 28 април 2024

ДКСК: Во функција нов електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси

ДКСК: Во функција нов електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси

Скопје, 1 март 2024 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја известува јавноста дека почнувајќи од 01.01.2024 година, е ставен во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.

Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk , а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.

Исто така, ДКСК ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави на новиот образец . Оваа обврска се однесува на лицата кои веќе поднеле анкетни листови и изјави на интереси како и на оние лица кои не ја исполниле оваа обврска.

Напоменуваме дека поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси по избор односно именување на функцијата преку новиот електронски систем е неопходно од причина што без поднесување на изјавата не може да се пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да се поднесе изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата.

ДКСК

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан