Диор „џорданки“ - патики што сакаат да ги купат пет милиони луѓе
- Новата серија беше ограничена на само 8.000 чифта, а дури пет милиони луѓе се пријавиле да ги купат овој јули. Цената на патиките се движи од 10.770 до 15.000 долари.
Милано, 20 јули 2020 (МИА) - Флерт-патиките и луксузните брендови годинава достигнаа своевиден бум со лансирање на Диор плус „Ер Џордан 1“ обувките, што го добија прекарот „Диорданки“.
Брендот оригинално му припаѓа на легендарниот НБА кошаркар Мајкл Џордан, а изработени се од Диор кожа, во Италија. Зад новата линија и дизајнот се потпишува Ким Џонс, а во голем дел се рачна изработка, што ги прави екстра луксузни.
- Сакам да мешам различни стилови, идеи, светови. Брендовите Џордан и Диор се симболи на апсолутна неповредливост на нивните полиња, изјави Ким Џонс.
Новата серија беше ограничена на само 8.000 чифта, а дури пет милиони луѓе се пријавиле да ги купат овој месец. Цената на патиките се движи од 10.770 до 15.000 долари. си/