Димитриевски од Штип: Доста беше молк, Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел, чие однел и што планирал?
- СООПШТЕНИЕ - „Тие продадоа сè што е наше. Тие продаваа државно – на ангро продаваа државни интереси, и денес ги гледаме како мафтаат со златни визи, подготвувани уште додека беа на врвот на власта.“ – истакна Димитриевски, обвинувајќи за однапред подготвено сценарио за бегство, базирано на нечесно стекнат капитал изнесен надвор од државата.

Скопје, 13 мај 2025
Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, од Штип го повика Венко Филипче конечно да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата што веќе премногу долго висат во воздух.
„Тие продадоа сè што е наше. Тие продаваа државно – на ангро продаваа државни интереси, и денес ги гледаме како мафтаат со златни визи, подготвувани уште додека беа на врвот на власта.“ – истакна
Димитриевски, обвинувајќи за однапред подготвено сценарио за бегство, базирано на нечесно стекнат капитал изнесен надвор од државата.
„Многу добро се знае како се добиваат тие златни визи – со купишта пари изнесени надвор, пари што не се чесно заработени, туку украдени од народот.“ – порача Димитриевски
Од тука, претседателот на ЗНАМ, јасно го повика Венко Филипче: „Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел, чие однел и што планирал? “
Овој повик од Штип не е само порака – тоа е барање за вистина, за одговорност и за враќање на моралот во јавниот живот. Движењето ЗНАМ ќе продолжи со кампањата низ целата држава, будно следејќи ги постапките на сите кои се огрешиле пред народот.
Време е народот да знае. Време е Македонија да се избори за чесна и одговорна власт.
ЗНАМ за Наша Македонија - Центар за комуникации и аналитика
Фото: ЗНАМ за Наша Македонија
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.