• понеделник, 23 декември 2024

ДИК: До 17 часот излезеноста 45,88 отсто

ДИК: До 17 часот излезеноста 45,88 отсто

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - До 17 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места каде се врши прегласување за парламентарните избори, гласале 2071 гласач, односно 45,88 отсто, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Како што посочуваат од ДИК, во Изборното место (ИМ) 2101 во Желино до 17 часот гласале 503 гласачи односно 50,65 отсто, во ИМ 1194 во Крушево гласале 270 гласачи односно 57,57 отсто, во ИМ 1202 во Крушево гласале 85 гласачи односно 28,52 отсто, во ИМ 1272 во Охрид гласале 306 гласачи односно 43,04 отсто, во ИМ 1470 во Долнени гласале 281 гласачи односно 42,71 отсто, во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 234 гласачи односно 37,03 отсто и во ИМ 1844 во Струга гласале 392 гласачи односно 52,06 отсто.

-Во споредба со гласањето на 8 мај до 17 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 0,14 отсто на овие избирачки места, велат од ДИК.вј/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан