• петок, 22 ноември 2024

ДЗР ги објави финансиските извештаите на политичките партии за 2023 година

ДЗР ги објави финансиските извештаите на политичките партии за 2023 година

Скопје, 9 април 2024

Во интерес на обезбедување законитост, транспарентност и отчетност спрема граѓаните на Република Северна Македонија за трошењето на средствата обезбедени од Буџетот на државата за финансирање на активностите од редовното работење на политичките партии регистрирани во земјата, Државниот завод за ревизија ги објави финансиските извештаи на политичките партии.

Извештаите, достапни на нашата веб-страница, овозможуваат детален преглед на начинот на трошење на јавните фондови од страна на политичките партии.

Со објавувањето на извештаите не само што се подобрува транспарентноста, туку им се дава можност на граѓаните да добијат детален преглед за начинот на управување со јавните средства од страна на политичките партии.

Со цел да ги поттикнеме граѓаните да бидат активни и информирани учесници во демократските процеси, ги покануваме сите заинтересирани страни да ги прегледаат објавените извештаи на нашата официјална веб-страница на следниот линк. 

Државен завод за ревизија 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива 

Остани поврзан