• четврток, 27 јуни 2024

Десетици земји го поддржуваат Светскиот повик за слобода на медиумите

Десетици земји го поддржуваат Светскиот повик за слобода на медиумите
Хаг, 9 декември 2020 (МИА) - Министри од повеќе од 50 земји ќе потпишат изјава со повик за заштита на новинарите на конференцијата на ОН што се одржува денеска во Холандија, објави холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок. Светската конференција за слобода на медиумите во Хаг, што се одржува виртуелно поради пандемијата на коронавирусот, ќе разгледува како поефикасно да се бориме против насилството врз медиумските работници. Говорници се филипинската новинарка Марија Реса, обвинета за критикување на владата на Родриго Дутерте на нејзината веб-страница и свршеницата на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги. - Новинарите ширум светот треба да бидат подобро заштитени за да ја играат својата улога како чувари на демократијата, рече министерот Блок на почетокот на конференцијата, поддржана од УНЕСКО. „Фактот дека имаме повеќе од 50 министри кои учествуваат на Светската конференција за слобода на печатот е прв од ваков вид“, рече тој, додавајќи дека ќе изврши „дипломатски притисок“ врз оние кои не ја потпишале декларацијата. Холандскиот министер рече дека неговото семејство е лично погодено од насилство врз новинари откако неговиот братучед, дописникот на Фајненшл тајмс, Сандер Тонес (30) беше убиен во Источен Тимор во 1999 година Активистичката група, Репортери без граници, на почетокот на оваа година соопшти дека пандемијата веќе ги влоши значително заканите за слободата на печатот низ целиот свет. паг/

Остани поврзан