• среда, 12 јуни 2024

Демир Капија ќе добие ново фудбалско игралиште 

Демир Капија ќе добие ново фудбалско игралиште 

Демир Капија, 16 ноември 2023 (МИА) - Демир Капија ќе добие ново фудбалско игралиште, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.  

- Упатувам голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт за нивната голема поддршка за Општина Демир Капија и што веруваат во нашата мисија. Благодарение на нивниот дарежлив придонес, правиме големи чекори во изградбата на фудбалското игралиште во Демир Капија, информираше Петров. 

Тој соопшти дека одобрен е и вториот дел од финансиската поддршка од страна на Агенцијата, во износ од околу 6.000.000 денари, со кои целосно ќе се заврши овој проект, а жителите на Демир Капија ќе добијат ново фудбалско игралиште.

Петров појасни дека овој проект не се однесува само на терен и нагласи дека се работи за создавање простор каде што нашата младина може да сонува за светла иднина, да тренира напорно и да изгради посилна и поздрава заедница.

- Заедно инвестираме во нашите идни спортисти, поттикнуваме тимска работа и промовираме активен животен стил меѓу нашите млади таленти, подвлече Петров. свд/мд/

Фото: Општина Демир Капија 

Остани поврзан