• сабота, 23 ноември 2024

Демири: Гостиварската болница се зајакнува со реконструкции, нова опрема и човечки капитал

Демири: Гостиварската болница се зајакнува со реконструкции, нова опрема и човечки капитал

Гостивар, 1 март 2024 (МИА) – Министерот за здравство Илир Демири заедно со техничкиот премиер Талат Џафери и членови на Владата беа во посета на Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Владината делегација направи обиколка низ установата и увид во работите кои се во тек.

Министерот Демири напомена дека покрај инфраструктурното зајакнување, во установата се вложува и во нова опрема, како и во медицински кадар.

- Одделението за невропсихијатрија е во фаза на реконструкција. Покрај инфраструктурното зајакнување, во установата се вложува во нова опрема и во медицински кадар, рече министерот Демири.

Тој посочи дека во Гостиварската болница започна да се изведуваат лапароскопски интервенции во областа на урологија, со тоа, како што нагласи, повеќе нема потреба пациентите да се упатуваат во Скопје

Министерот информираше дека пред извесно време е набавен и подвижен рендген апарат со C-рака со дигитален детектор.

- Вложуваме во јавното здравство преку реконструкции, набавка на опрема и лекови, зајакнување на човечкиот капитал со вработувања, едукации, зголемувања на плати. Продолжуваме со истото темпо и во следниот период, рече Демири.

Тој напомна дека во изминатиот период во Гостиварската болница се работело на подобрување на условите за третман на пациентите и условите за работа на здравствените работници. згм/мд/

Фото: Министерство за здравство  

 

Остани поврзан