• сабота, 20 јули 2024

Дембеле договори нова соработка со Барселона до 2024 година за 40 отсто помала плата

Дембеле договори нова соработка со Барселона до 2024 година за 40 отсто помала плата
Барселона, 9 јули 2022 (МИА) – Фудбалерот Усман Дембеле се согласи за нов договор со Барселона, објави „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот спортски весник, 25-годишниот Французин ќе потпише договор со важност до 2024 година. Според новиот договор неговата плата ќе биде намалена за 40 %. Претходно претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека играчот изразил желба да остане во тимот. Беше објавено дека за играчот се заинтересирани Челзи и Баерн Минхен. Минатата сезона Дембеле постигна два гола и 13 13 асистенции на 32 натпревари за каталонскиот клуб. зс/

Остани поврзан