Дел од Сопиште без вода
- Без вода денеска од 10:15 часот се корисниците од улицата „24/60“ во oпштина Сопиште.
![Дел од Сопиште без вода](https://new.mia.mk/images/20231201102633_big_730x400_19.webp )
Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Без вода денеска од 10:15 часот се корисниците од улицата „24/60“ во oпштина Сопиште.
Како што информира jавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради двоење во шахта на улицата „24/60“ во Сопиште.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/бак/
Фото: МИА Архива