Дел од општините Бутел и Ѓорче Петров без вода
- Без вода денеска од 9:40 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Пребондова“, „Мрежичка“, „Коле Канински“, „Галичник“ и „Призренска“ во општина Бутел.
Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:40 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Пребондова“, „Мрежичка“, „Коле Канински“, „Галичник“ и „Призренска“ во општина Бутел.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Пребондова“ број 10. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Без вода во истиот временски перид ќе бидат и жителите на селото Орман. Прекинот е поради дефект на улица „2“ без број во Орман, општина Ѓорче Петров. мд/вј/
Фото: МИА архива