• петок, 22 ноември 2024

Дел од општина Ѓорче Петров утре без струја

Дел од општина Ѓорче Петров утре без струја

Скопје, 28 август 2023 (МИА) – Корисниците од улиците „Исаја Мажовски“, „Воин Драшкоци“, „Браќа Галеви“ и „Стево Филиповиќ“ во општина Ѓорче Петров утре од 9:00 до 13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 11:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Ѓорче Петров“, од број 106 до 112 во делот околу продавница за спортска опрема „Лома Спорт“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан