Дел од Долно Лисиче и населбата Водно утре без вода
- Поради дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „1 Долно Лисиче“ бб. утре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населено место Долно Лисиче.
![Дел од Долно Лисиче и населбата Водно утре без вода](https://new.mia.mk/images/20230925180815_big_730x400_42.webp )
Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Поради дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „1 Долно Лисиче“ бб. утре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населено место Долно Лисиче.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се до завршување на интервенцијата.
Поради изведување, пак, на водоводен приклучок од 80 милиметри на улицата „Владимир Назор“ бр.8 во населбата Водно утре од 11:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица и од дел од улицата „Кумровец“. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.вј/лв/
Фото: МИА архива