• понеделник, 23 декември 2024

Делчево го празнува Денот на ослободувањето

Делчево го празнува Денот на ослободувањето
Делчево, 7 септември 2020 (МИА) - Делчево денеска одбележува 76 години од ослободувањето и 29 години од Денот на независноста. Одбележувањето почна пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, кој го чува споменот на паднатите борци во НОВ од делчевскиот крај. Цвеќе положија делегација од општината, делчевскиот Совет, претставици од институции, политички партии и здруженија на граѓани.
На свечената седница претседателот на Советот,  Драган Маневски изрази благодарност до сите кои со својот труд и ангажман дадоа придонес за развојот на Делчево.
-Како Совет ги донесовме сите програми и ги усвоивме сите извшетаи на Општината и локалните институции кои се во надлежност на општината, донесени се повеќе одлуки за вклопување на бесправно-изградени објекти во урбанистичко-планска документација на физички лица, како и повеќе одлуки за приоритет на проекти за аплицирање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, потенцираше Маневски.
Градоначалникот Горан Трајковски ја потенцираше заложбата на Здарвствениот дом „Гоце Делчев“, ТППЕ и ЈКП „Брегалница“ за несебичниот придонес во борбата со Ковид -19 и појасни дека како општина  серизно пристапуваат и на предизвикот да се обезбеди безбеден почеток на учебната година.
- Максимално сме вложени да одговориме на барањата и потребите и убеден сум дека со поддршка на ресорните министерства и со личната одговорност на секој поединец,и ученик и родител, но и просветен работник и воспитувач, ќе успееме во тоа и ќе обезбедиме безбеден воспитно-образовен процес, рече Трајковски
На Свечената седница беше доделена општинската награда „7 Септември“ на Гоце Стојменовски, лекар во Итната медицинска служба во Делчево, како и општинското признание за посебен придонес во културата на Зенил Реџепов-Стручни кој годинава одбележува 45 години дејност.
Признание доби и компанијата „Зегин“ за соработка со Општина Делчево и за општествена одговорност во време на пандемија.
На Свечената седница беа доделени и наградите за најубаво уреден двор, а поради актуелната пандемија традиционалните културни и спортски натпревари се откажани.вс/бт/

Остани поврзан