• сабота, 05 октомври 2024

Делови од Сопиште и Карпош без вода

Делови од Сопиште и Карпош без вода

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од жителите од селата Сопиште, Ракотинци и Добри Дол во Општина Сопиште. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради монтажа на регулатор на потисна цевка од Ф-125 милиметри во Сопиште без број или под пумпената станица.

Без вода денеска од 10 часот ќе останат дел од жителите лоцирани на улиците „Њуделхиска“, „Бахар Моис“, „Римска“, „Панче Пешев“ и „Наум Евро“ во Општина Карпош.

Прекинот е поради двоење во шахта на улица „Римска“ 3А. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на интервенциите. мд/аа/

Фото: МИА архива 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан