• понеделник, 12 август 2024

Делови од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново утре без струја

Делови од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново утре без струја

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре од 9:00 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Вангел Дину“ во населба Влае, општина Карпош. 

Во период од 12:00 до 15:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „24“ и „60“ во Волково, во општина Ѓорче Петров, а од 8:45 до 13:00 часот дел од корисниците од селото Мојанци во општина Арачиново.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје, прекините се поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан