• вторник, 05 ноември 2024

Делегација на МАЕИ во Стразбур на средба со претставници на Советот на Европа

Делегација на МАЕИ во Стразбур на средба со претставници на Советот на Европа

Дебар, 6 март 2024 (МИА) - Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, оствари значајна средба со претставници на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во Стразбур, објави лидерот на партијата Васил Стерјовски.

-На средбата го претставивме посебниот извештај подготвен од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за пописот во Албанија каде документирано е евидентирано директното мешање на бугарските власти и екстремистичките групи од Бугарија за време на пописот, молчењето на албанските власти како и напорите на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија, стои во објавата на Фејсбук.

Исто така, Стрјовски и координаторот за меѓународна соработка во партијата, Генти Јанкула, разговарале и за состојбите и предизвиците со кои се соочува македонската заедница во Албанија посебно во делот на образованието на мајчин македонски јазик.

-Се заблагодаривме на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства за петтиот мониторинг извештај на Советот на Европа за Албанија за имплементацијата на Рамковната конвенција за заштита на малцинствата и вклучувањето во овој извештај на препораките на МАЕИ за подобрување на правата и состојбата на македонско и другите малцинства во Албанија, додава тој.

Посочува дека изразиле подготвеност за соработка со советодавниот комитет за следење на спроведувањето на препораките на Советот на Европа од албанските институции. вт/сст/

Фото: Стерјовски ФБ

Остани поврзан