Девојка од Злетово пријавила кражба додека ѝ била пружана лекарска услуга
- Додека ѝ била пружана лекарска услуга, ѝ биле одземени пари од паричник, што ѝ бил во јакната што ја оставила во близина.
Скопје, 10 мај 2023 (МИА) - Во СВР Скопје вчера во 02.50 часот, М.Т., на возраст од 19 години, од Злетово пријавила дека околу 01.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека ѝ била пружана лекарска услуга, ѝ биле одземени пари од паричник, што ѝ бил во јакната што ја оставила во близина, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/лв/
Фото: Архива