• вторник, 05 ноември 2024

Дебарските пожарникари со поголем број интервенции од минатата година

Дебарските пожарникари со поголем број интервенции од минатата година

Тирана, 23 септември 2024 (МИА) – Дебарските пожарникари до средината на септември имале 15 интервенции повеќе, споредено со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 79 интервенции.

- До 20 септември имавме 94 интервенции од нив 74 се пожари на отворен простор, 7 на објекти, 14 се технички интервенции и две на оџаци. По обем на зафатена површина се двата големи пожари кај селото Татар Елевци, над градот, како и пожарот над селото Гари. Пламените јазици опожарија над 300 хектари мешана дабова шума, сува трева, ситно стеблеста, како и високо стеблеста шума, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на Територијалната противпожарна единица.

Според него, во гаснењето на овие пожари, кои беа на стрмен недостатен терен, покрај дебарските пожарникари, биле вклучени и вработените од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и месно население а во гаснењето на првиот пожар кај Татар Елевци и два „ер трактора“, кои со вода се снабдуваа од Дебарско Езеро.

Четиринаесетте дебарски пожарникари освен во општина Дебар, интервенираат и во општина Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. 

Покрај тоа, од хуман аспект, во договор на локалните власти на Дебар и соседната албанска општина Пешкопеја, по потреба, тие интервенираат и во албанските пограничните населени места од општина Пешкопеја. 

Деновиве со едно возило и четворица пожарникари помогнаа во гаснење на пожар во објект за произвдство на мебел, лоциран во населбата „Доброва“ во Пешкопеја, град кој е на оддалеченост од Дебар на 23 километри, чија локална власт искажаа голема благодарност. вт/ар/

Фото: МИА/ТППЕ-Дебар

 

 

 

Остани поврзан