• понеделник, 01 јули 2024

Дебарските комуналци подигаат отпад и вршат дезинфекција

Дебарските комуналци подигаат отпад и вршат дезинфекција
Дебар,13 април 2020 (МИА) - Вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар освен во подигањето на сметот по појавата на коронавирусот се ангажирани и во дезинфекција на градот и миење на улиците со чиста вода и соодветно средство. Низ градот не може да се види насобран смет во и околу контејнерите, кантите и корпите за отпадоци, затоа што, тие како и претходно, сметот го подигаат според утврден распоред па дури и за време на викенд и празници. -Нашите вработени редовно ги извршуваат рутинските активности, односно подигање на отпадот од определените места за тоа. Го подигаат сметот и од дивите депонии кои ги создаваат несовесните граѓани и покрај редевните апели тоа да не гоправат. Повторно упатувам апел отпадот да се остава опредлените места за тоа,со што се спречуваат разни несакани последици, рече Омер Цами раководител на секторот за комунална хигиена. За максималната ангажираност на комуналците посебна благодарност искажуваат од општинскиот Оперативен штаб, од каде побараа од домаќинствата и правните субјекти редовно да ги подмируваат сметките за потрошена вода и подигнат отпад.вт/бт/

Остани поврзан